Хетафе со еден од најубавите голови сезонава ја урна Гранада (Видео)

Хетафе ја совлада Гранада со 3-1. Малиот мадридски клуб беше силно мотивиран да ги победи Андалузијците, кои ако победеа, привремено ќе избиеја на првото место на табелата. За Гранада ова е само трети пораз сезонава, но сега сите сакаат да ја победат и да ја исфрлат од битката за врвот.

Хетафе беше многу подобар во првото полувреме, водеше со 2-0 по првите 45 минути, Гранада првпат сезонава прими гол со глава, а шлаг на тортата стави Давид Тимор во финишот со спектакуларен гол од слободен удар. Од 6 гола во дресот на Хетафе, четири на Тимор беа со шутеви од надвор од 16-никот, а два се од слободен удар.

Мадридскиот тим четири години немаше дадено гол од слободен удар во првенствен натпревар. Во декември 2015 погоди Пабло Сарабија, кој сега е играч на ПСЖ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести