Хетафе со минимални 1-0 ја совлада Валенсија во првиот четвр-финален дуел во Кралскиот куп. Домаќините заслужено имаат предност пред реваншот на „Месталја“ бидејќи „лилјаците“ беа апсолутно безопасни цели 90 минути во вечерашниот меч.
Неизвесноста траеше до 77-та минута, а Хорхе Молина со својот деветти гол за Хетафе во сите натпреварувања сезонава се погрижи за средбата да не заврши со здодевни 0-0.
https://www.dailymotion.com/video/x713xth
Реванш-пресметката на „Месталја“ е закажана за 29-ти јануари, со почеток од 21:30 часот.