Хеви метал журка за џезерите – Пол Џорџ грмеше против Јута (Видео)

Пол Џорџ грмеше во дресот на Оклахома тандер против Јута Џез и за првпат во кариерата има два меча по ред со повеќе од 40 поени.

Против Сакраменто постигна 43 поени, а и ноќеска го повтори истиот учинок, гарниран со 14 скокови, 6 асистенции и пет украдени топки, што е врвна кошаркарска партија. Крилото на Оклахома играше симултанка во третиот период против домашниот тим и постигна 22 поени од вкупно 35 на гостите, а сам имаше за два поени повеќе од сите играчи на Јута во таа четвртина.

Оклахома победи со 107:106, а Џорџ постигна 40 посто од поените на тимот.

„Не ми се допадна како одиграв последниот пат кога гостувавме во Јута и тоа ми беше на ум цело време пред мечот. Само сакав да одиграм подобро, поагресивно и поефикасно овојпат“, изјави Џорџ.

На последните пет меча Пол има просек од 31 поен, а игра во врвна форма, што им помогна на громовниците од Оклахома да прокнижат четири победи на пет дуели.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести