АЕК Атина го елиминиташе Динамо Загреб во третото коло од квалификациите во Лигата на шампиони и тоа на неверојатен начин. Резултатот на стадионот во Атина на крајот беше 2:2, што му одговараше на грчкиот првак, кој на првата средба победи со 2:1 и оди понатаму со вкупни 4:3.
Неверојатен беше финишот на средбата во Атина. Динамо поведе со гол во 45+1 минута кога дефанзивецот Јосиф Шутало погоди за 1:0. Во 65 минута гостите поведоа и со 2:0 со погодокот на Љубичиќ и ова беше резултат кој го носеше Динамо во плејофот.
Започна судиското надополнување кога АЕК со гол во 92 минута намали на 1:2 и тоа беше гаранција за домаќините дека ќе имаат најмалку продолженија. Сепак, погодокот на АЕК даде дополнителна сила, па во 98 минута беше досуден пенал за нив.
Гарсија го промаши пеналот, но Домагој Вида кој игра за АЕК, погоди за 2:2 и Хрватот фактички го елиминираше хрватскиот првак од квалификациите во ЛШ.