Џон Хигинс со скршено ребро направи максимум (Видео)

Џон Хигинс во дуелот со Џералд Грин ја „исчисти“ масата за снукер правејќи го деветтиот максимален брејк од 147 поени во својата богата кариера. Она што е шокантно е дека Хигинс подвигот го направи играјќи со скршено ребро.

„Формата е минлива, класата е вечна“, беше еден од коментарите кои најубаво го опишаа тоа што се случи попладнево на Отвореното првенство на Шкотска. „Волшебникот од Вишоу“ размислува за крај на кариерата, скршеницата на реброто здобиена откако се опил по победата на Селтикс против Абердин во Купот многу му ја отежнува работата на овој турнир во неговата земја, но Хигинс покажа дека му е рано за пензија.

Да беше турнирот на друго место, Хигинс сигурно немаше да настапи, но во Шкотска не сакаше да се повлече. За среќа на сите љубители на снукерот, тој играше и приреди шоу. Правењето брејк од 147 поени, на четирикратниот светски првак му донесе парична награда од 22.000 фунти.

Погледнете ги последните уфрлени шарени кугли и радоста во салата:

https://twitter.com/i/status/1072895498011451398

- Оглас -

Најнови вести