Хименез: Го избрав Милан затоа што е голем клуб

Напаѓач Сантијаго Хименез вечерва пристигна во Милано за да го финализира својот трансфер во Милан. Мексиканскиот фудбалер доаѓа од Феенорд како замена за Алваро Мората.

Според италијанските медиуми, договорот е вреден над 35 милиони евра, вклучувајќи и бонуси, а холандскиот клуб ќе добие процент од идната продажба. Клучна улога во трансферот одиграл самиот Хименез, кој инсистирал да замине во Милан.

Пред аеродромот, напаѓачот беше пречекан од навивачите на Росонерите“, а подоцна голем број фанови го поздравија и пред хотелот.


„Го избрав Милан затоа што тоа е голем клуб“, изјави Хименез.

Тој нема да може да настапи во дербито против Интер утревечер.

- Оглас -

Најнови вести