Лигата на шампионте оваа година доживува ревулиционерна промена, најголема во последните 33 години. За првпат сите клубови кои ќе бидат дел од елитното друштво всушност ќе бидат дел од една лига и нема делење по групи во првата фаза од натпреварувањето.
Сепак, не е променет само начинот на натпреварување во Лигата на шампионите. За првпат по 1991 година има промена и во химната која традиционално се пушта пред секој меч.
На синоќешните четири дуели од плејоф-фазата за пласман во Лигата на шампионите, популарната химна на ЛШ беше пуштена во изменет ритам. Непроменети останаа зборовите во химната која се пее на англиски, француски и германски (службени јазици во УЕФА), но затоа се променети акордите и легендарната мелодија.
Новата верзија е убрзана во однос на оригиналот, додадени се уште неколку ефекти, а голем дел од навивачите негативно реагираа кога слушнаа како звучи новата верзија на химната за ЛШ.