Химната на ЛШ е „украдена“ од стара британска химна (Видео)

Вечерва на „Олимпико“ и „Олд Трафорд“ пред мечевите од осминафиналето во Лигата на шампионите ќе се слушне химната на ЛШ, а малкумина знаат дека музиката е инспирирана од стара британска химна, која се интонирала при крунисување на монарси во 18-ти век.

Химната е напишана во 1992 година од англискиот композитор Тони Бритен, а базирана е на музиката од песната „Задок д прист“ од Џорџ Фредерик Хандел, и претставува нејзина преработка. Целата химна трае три минути, а во пошироката јавност е познат само завршниот дел.

Во текстот има реченици и мотивациски зборови на германски, француски и англиски јазик. Химната ја свири кралската филхармонија во Лондон, а за делот кој се пее, задолжен е хорот на Академијата на Сент Мартин.

https://www.youtube.com/watch?v=mf9LUNB-JsM

- Оглас -

Најнови вести