Химната на Србија не се слушна, дури и дечињата ги „поздравија“ гостинските играчи (Видео)

Албанија и Србија одиграа без голови во дербито од квалификациите во квалификациите за пласман на СП 2026. Околу 22.500 гледачи имаше на стадионот „Аир Албанија“, кои направија голема врева додека се интонираше гостинската химна.

Додека гостите ја пееја химната, дечињата кои стоеја пред нив, решија да ги „поздрават“ играчите на Србија, покажувајќи го симболот на двоглав орел.

На крајот, резултатот е мирољубив, без погодоци. Албанија има четири бодови од три меча, додека за Србија ова беше прв дуел во квалификациите и има еден бод.

- Оглас -

Најнови вести