Хиршер нема конкуренција во слалом, трето светско злато во кариерата

Македонскиот скијач Антонио Ристевски не ја заврши слаломската прва трка на Светското првенство во Оре, а трет златен медал освои Марсел Хиршер, пред сонародниците Михаел Мат и Марко Шварц.

Австријците апсолутно доминираа, а Хиршер уште еднаш потврди дека е недостижен за конкуренцијата и со предност од 65 стотинки пред Мат го освои најсјајниот медал.

За 76 стотинки доцнеше Шварц, доволно за бронзен медал и комплетна радост за Австријците.

- Оглас -

Најнови вести