Австрискиот скијач Марсел Хиршер испиша историја, откако со триумфот на денешниот слалом во Аделбоден, стана првиот учесник во Светскиот куп кој победил девет пати во еден ист ски-центар.
Хиршер во својата кариера има 67 победи, од кои дури девет во швајцарски Аделбоден, и тоа е нов рекорд, откако вчера со победата во велеслаломот се изедначи со Ингемар Стенмарк (Мадона Ди Кампиљо) и Аксел Лунд Свиндал (Лејк Луис) кои имаа по осум победи. Хиршер има осум победи во Алта Бадија.
На денешната слаломска трка, второто место го освои младиот Французин Клеман Ноел (прв подиум во кариерата), додека трети беше Хенрик Кристоферсен. По првото возење лидер беше Марко Пварц, но Австриецот не ја заврши трката.
Наредниот викенд скијачите ќе се натпреваруваат во Венген.