Хисај дури во 193-от настап конечно стигна до деби-гол за Наполи (видео)

Елсеид Хисај од 2015 година е член на Наполи, а дури во 193-от настап конечно успеа да постигне гол за екипата од „Сан Паоло“. Албанскиот бек одлично се снајде и изгради простор да се закани кон голот на Сасуоло и ја затресе мрежата за рано водство на Наполитанците.

Во претходните 192 настапи во сите натпреварувања, Хисај во седум наврати се најде во улога на асистент, а дури по пет години конечно реализира гол, што до одреден степен и не е некое изненадување бидејќи игра на левата бековска позиција.

https://www.dailymotion.com/video/x7v7qb8

Инаку, Елиф Елмас од клупата за резерви ќе чека прилика да заигра во продолжението од средбата.

- Оглас -

Најнови вести