Елсиед Хисај, фудбалерот на Наполи, заработи фрактура на клучната коска за време на дуелот против Торино. Хисај најстрада по еден воздушен дуел, кога лошо се преврти и падна директно на главата. Падот делуваше застрашувачки, а фудбалерот остана да лежи на тревата.
Многумина се уплашија дека може да се работи и за тешка повреда на вратот, но лекарските прегледи покажаа дека има скршеница на клучната коска. Засега уште не се знае колку долго играчот ќе паузира, но јасно е дека Наполи во следниот период нема да може да смета на услугите на албанскиот фудбалер.