16.8 C
Skopje
вторник, 3 март 2026

Хисар Али ја стресе Црна Гора, Македонија до 17 години одигра реми на дебито на Селими (Видео)

Фудбалската репрезентација на Македонија за играчи до 17 години одигра нерешено, 1-1, на првиот контролен натпревар против Црна Гора во Подгорица. Овој меч воедно беше и деби на новиот селектор Ерхан Селими, кој дојде на местото на прерано починатиот Дашмир Беари.

Нашите фудбалери одлично го отворија натпреварот и уште во 18-тата минута Македонија дојде во водство од 1-0, откако Хисар Али успеа да го совлада голманот на Црна Гора.

Домашните фудбалери во 53-тата минута го израмниле резултатот преку Мартиновиќ. Вториот контролен натпревар ќе се одигра утре, со почеток во 11 часот.

За Македонија настапија: Илоски, Радевски, Исмаили, Атанасовски, Шаботиќ, Муслиу (78 Георгијевски), Љатифи, Андоновски, Али, Киш (61 Перески), Ристов (78 Арифи).

- Оглас -

Најнови вести