12.8 C
Skopje
вторник, 18 ноември 2025

Хисар Али ќе го предводи нападот на Македонија на дуелите против Кипар

Репрезентацијата на Македонија за фудбалери до 17 години следната недела ќе има нов собир, овојпат во Струмица, каде ќе се одиграат контролни натпревари против врсниците на Кипар.

Селекцијата предводена од Дашмир Беари се подготвува за квалификациите за Европското првенство кое ќе се оджи токму на Кипар, а противници во групата 8 ни се домаќинот Малта, Словачка и Шпанија.

За пријателските натпревари во Струмица повикани се следниве играчи:

олмани: Давид Илоски (Академија Пандев), Онур Бесир (Шкендија);

Одбрана: Златко Радевски (Вардар), Игор Ристов (Брера А..П.), Никола Ангелов (Брера А.П.), Артан Исмаили (Шкендија), Лука Атанасовски (Вардар), Милош Спасовски (Вардар), Емир Шаботиќ (Вардар);

Среден ред: Марко Киш (Њу Старс), Здравко Перески (Брера А.П.), Каменчо Андоновски (Работнички), Албион Муслиу (Шкендија), Алмир Јакупи (Арау, Швајцарија), Ариф Локи (Хвидовре, Данска);

Напад: Адмир Латифи (Македонија Ѓ.П.), Флорим Далипи (Фац Виена, Австрија), Хисар Али (Шкендија), Беркај Шаини (Работнички), Лука Макаловски (Македонија Ѓ.П.), Един Атоски (Јанг Бојс, Швајцарија).

Натпреварите ќе се одиграат на 22-ри и 24-ти август со почеток во 17 часот на стадионот “Благој Истатов“ во Струмица.

- Оглас -

Најнови вести