Една снимка од микс зоната на стадионот во Тирана стана хит на социјалните мрежи. По мечот меѓу Албанија и Грузија, кој заврши со победа на гостите од 1-0, албански новинар зеде изјава од грузиската ѕвезда Хвича Кварацхелија, но одвај се разбраа.
„Дали жалиш што не беше на терен кога падна голот?“, беше прашањето кое го зачуди Кварацхелија.
„Не го разбирам прашањето“, рече Квара.
Потоа новинарот, кој се мачеше со англискиот, се обиде повторно да му дообјасни на Грузиецот што точно сака да го праша, без да биде свесен дека греши и дека поставува погрешно прашање околу замената која се случи пет минути откако Грузија даде гол за 1-0.
„Бев на терен кога дадовме гол“, му кажа Кварацхелија на новинарот и додаде дека не е важно кој дава гол.