Последниот Американец кој бил прв на АТП-листата, Енди Родик, даде хит изјава во врска со тоа каков профил на тренер му треба на актуелниот светски рекет број 1, Новак Ѓоковиќ.
Според Родик, и неговата мачка да биде тренер на Новак, ќе победува и ќе освојува трофеи. Со ова тој како да ја потцени работата на досегашните тренери на Србинот.
„Дали му е потребен тренер? Мислам дека и мојата мачка може да го тренира и да направи добра работа, би добилe голем број натпревари и би освојувалe турнири. Но, тој има 36 години, би сакал да има некого покрај себе, не би работел сам периодов пред Ролан Гарос и Вимблдон“, рече Родик.
По разделбата со Горан Иванишевиќ, прв фаворит за тренер на Новак е неговиот сонародник Ненад Зимоњиќ, со кого има работено и во Дејвис куп репрезентацијата на Србија. И Иванишевиќ смета дека Зимоњиќ е идеално решение за Новак во моментов.