27.8 C
Skopje
вторник, 15 јули 2025

Хит изјава на Калиниќ откако му го скршија носот

Победата на Фенербахче над Дарушафака во турското кошаркарско првенство, српското крило Никола Калиниќ ќе ја памети по тоа што се здоби со скршеница на носот.

Српскиот репрезентативец се огласи на „Инстаграм“ и објави и фотографија со отечено лице и завиткан нос.

„Уште колку повреди треба да се случат, па судиите да почнат да свират намерни лични и да ги штитат играчите? Скршен ми е носот, ништо сериозно. За една недела би требало да се вратам на теренот. Сега барем носот ми е симетричен со вилицата“, напиша Калиниќ.

- Оглас -

Најнови вести