Хит: Јокиќ му е лут на тренерот бидејќи не му купил подарок (Видео)

Ѕвездата на Денвер нагетс, Никола Јокиќ, приреди ново шоу и ги насмеа новинарите пред мечот на кој неговиот тим го загуби од Орландо меџик со 124:119.

Новинарите го прашаа Јокиќ и за Мајкл Мелоун, кој неодамна потпиша нов договор со Денвер и стана еден од најплатените тренери во НБА-лигата, а тој одлучи да се пошегува со својот тренер.

„Сега веќе не сака да зборува со играчите, малку се промени. Но, тоа е нормално, тоа им го прават парите на луѓето. Не ми купи подарок“, рече, меѓу другото, Јокиќ.

На мечот со Орландо, Јокиќ имаше уште еден интересен момент кога во финишот од мечот одлучи да го „шпиунира“ тренерот на Магичните, Џамал Мозли. При резултат 118:115 за Орландо, Мозли побара тајмаут, а меѓу играчите кои ги слушаа неговите совети се најде и Јокиќ.

https://twitter.com/i/status/1727541183860064421

 

 

- Оглас -

Најнови вести