Лука Дончиќ на загревањето пред мечот на неговиот Далас маверикс против Портланд, се појави во маица на која пишува „Ракија антивирус, домашна верзија“.
Оваа стана хит на социјалните мрежи особено кај љубителите на спортот на балканските простори каде најдобро се знае што е ракија и за што се користи.
Лука имаше интересен детал и на патиките кои ги носеше, на нив пишуваше Габриела, тоа е името на неговата ќерка која се роди неодамна.