Хит на денот: маж со шарени гаќи им се прошета на пливачките пред старт и скокна во вода!

Необична сцена која ќе се памети, се случи за време на утринските квалификации во пливање. Пред една трка за жени на 100 метри градно на ЛОИ во Париз, се појави средовечен човек во шарени гаќички за капење, а девојките кои веќе беа поставени на стартните блокови мораа да почекаат.

Прво беше гласно исвиркан од трибините на кои имае 15.000 луѓе, но човекот се смешкаше и полека се упати кон водата. Застана на работ од базенот и скокна во водата. Однадвор се чинеше дека се работи за навивачка шега или упад, но никој од обезбедувањето не му пријде. И со причина.

Тој имаше јасна задача, да ја фати капата за пливање што падна од главата на Американката Ема Вебер од претходната трка и мора да се извади од базенот. Според правилата, пред почетокот на трката не смее да има туѓ предмет во базенот.

Мажот без проблем си ја заврши задачата, триумфално ја крена раката и предизвика воодушевување кај публиката која сфати за што станува збор.

- Оглас -

Најнови вести