Документарниот филм за сезоната 2019/20 на Тотенхем ќе биде интересен, ако се суди според оние делови од „трејлерот“ кој беше пуштен во јавноста. Фрагмент со менаџерот Жозе Мурињо брзо стана хит на социјалните мрежи.
Португалецот е снимен како седи во својот кабинет и гледа телевизија, но таму слуша експерти кои го коментираат заминувањето на Маурисио Покетино и ангажирањето на Мурињо. Еден од експертите е скептично настроен кон Специјалниот и изјави дека на Мурињо времето му поминало. Жозе кога го слушна тоа, се „накостреши“, почна да пцуе и го исклучи телевизорот.
Погледнете:
https://twitter.com/i/status/1300212334737137664