Хит на годината во НБА, Твитер „гори“ после она што се случи на Кливленд – Бостон (Видео)

Кливкенд кавалирс го совлада Бостон селтикс со 118-114 во најинтересниот натпревар во НБА лигата одигран рано утрово, победникот беше одлучен по продолжение, а средбата ќе се памети по една ситуација од финишот на регуларниот дел.

При резултат 109-109 на 0,8 секунди до крајот, судиите досудија фаул над гостинскиот играч Грент Вилијамс и го испратија на линијата за слободни фрлања. Пред да шутне, му пријде Донован Мичел и му кажа нешто, а Вилијамс му врати со зборовите: „Ќе ги погодам двете“.

Вилијамс ја зеде топката, шутна, и промаши во првиот обид. Публиката го декоцентрираше, самоуверениот Вилијамс утна и во вториот обид, па мечот отиде во продолжение. Барем еднаш да погодеше, Селтикс ќе славеа победа. Вака, беа поразени, а Вилијамс поради нереализираното ветување дека ќе ги реализира слободните, стана мета на потсмев на социјалните мрежи.

- Оглас -

Најнови вести