Хит на интернет: Како фудбалерите на ПСЖ ја гледаа сопругата на Макрон (Видео)

На свечениот прием организиран во чест на фудбалерите на ПСЖ, кои неодамна го освоија својот прв европски трофеј, еднa неочекуванa случка стана тема број еден на социјалните мрежи.

Додека францускиот претседател Емануел Макрон држеше говор во чест на шампионите, вниманието на дел од играчите на ПСЖ не беше насочено кон него, туку кон неговата сопруга, Брижит Макрон.


Камерите ги уловија реакциите на фудбалерите, меѓу кои предничеа Ашраф Хакими, Лукас Ернандес и Фабијан Руиз, кои со изненадени погледи и насмевки го следеа однесувањето на првата дама.

Сцената стана вирална, особено поради нејзината временска поврзаност со неодамнешно видео од аеродром, на кое се чини дека Брижит го „удира“ Макрон во знак на шега или лутина — момент кој веќе беше широко коментиран онлајн.

Дополнителен интерес предизвикува и фактот што Брижит (72) е значително повозрасна од Емануел (47), што често е тема во медиумите.

И покрај тоа, претседателот Макрон во својот говор не дозволи ништо да го одвлече од поентата.


„Вие сте шампиони – благодарение вам Париз е на врвот на Европа. На теренот имаше 11-мина играчи, но чувствувавме дека имате и 12-ти играч зад себе – цела Франција, која беше со вас, без разлика на ривалствата“, порача тој.

ПСЖ го освои првиот трофеј во Лигата на шампионите со доминантна победа од 5-0 против Интер во финалето одиграно во Минхен.

- Оглас -

Најнови вести