Хит на интернет: Погледнете кој го одби Ѓоковиќ на пасошката контрола во Австралија (ФОТО)

Ситуацијата со Новак Ѓоковиќ и неговиот настап на ОП на Австралија останува неизвесна.

Српскиот тенисер, воедно и најдобар рекет на денешницата останува во хотелот каде што се сместени емигрантите кои со години чекаат дозвола за влез во Австралија.

Во понеделник ќе се знае дали Новак ќе игра на првиот гренд слем, или пак и дефинитивно ќе му биде одбиена визата.

Во меѓувреме на интернет се појави хит фотографија, каде што се гледа човекот кој што го одбил Новак на пасошката контрола при влезот во државата.

Станува збор за Роже Федерер, а секако ова е фотомонтажа која на комичен начин доловува како Швајцарецот се надева дека Новак нема да стигне до 21-от, рекорден гренд слем во кариерата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести