Хит: Навивач продава билети за меч на Ѓоковиќ за 9.500 евра, но дава и подарок „голф 7“!

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ќе настапи на АТП 500 турнирот Српска опен, кој годинава наместо во Белград, се игра во Бања Лука (турнирот се игра од 16 до 23 април), а еден навивач кој има билети за финалето на тој турнир објави урнебесен оглас кој стана хит во регионов.

Човекот нуди две влезници за АТП Српска опен, плус автомобил „голф 7“ за 19.000 босански конвертабилни марки, што е околу 9.500 евра.

Регуларната цена на билетите за финалето е од 2.000 до 2.500 денари, но така нема да добиете „голф“ со сончев покрив, произведен во 2013 година, увезен пред три години и тазе регистриран со нови гуми.

- Оглас -

Најнови вести