Новак Ѓоковиќ ја шокираше сонародничката Олга Даниловиќ со своето познавање на кинескиот јазик, па на прес-конференција на српските тенисери после победата над Кина во Јунајтед купот, се случи една хит ситуација.
Најдобриотт светски тенисер почна да се обраќа на кинески, а Даниловиќ и капитенот Виктор Троицки, беа во неверица, се држеа за глава и на крај сите заедно се изнасмеаја.
Тие што разбираат кинески велат дека Новак рекол: „Среќна нова година! Како сте, ви благодарам за поддршката, ве сакам сите во Кина, мои добри пријатели!“.
Ѓоковиќ вели дека зборува 4-5 јазици, а покажа дека и на кинески знае да каже неколку реченици.
Погледнете како изгледаше хит сцената:
https://twitter.com/i/status/1741532281414840331