Еден линиски судија во Гана стана хит на социјалните мрежи низ светот откако се појави снимка на која се гледа како судијата наместо покрај аут-линијата, се движи длабоко внатре во теренот, веројатно „за одблизу да види подобро“ дали има нешто нерегуларно.
Ова се случи на мечот помеѓу Асанте Котоко и Голд старс. Дури откако сфати каде е, судијата почна да се враќа на своето место. Котоко победи со 5-0, а погледнете каде се наоѓаше помошниот судија при акцијата по која е постигнат вториот гол:
https://twitter.com/i/status/1503725269923905536