Австралискиот фудбалер роден во Кенија, Мабил Авер, стана ѕведа по социјалните мрежи откако вчера беше снимена неговата реакција кога дозна дека денеска ќе треба да игра на голем студ, а и снег.
Мабил е играч на шпанскиот второлигаш Кастељон, а од 16.15 часот имаат гостување кај Андора во малата земја на Пиринеите. Во Кастељон температурата беше 12 степени, а во главниот град на Андора, Ла Вела, има снег и темпертурата е -7 степени целзиусови.
Кога ја виде прогнозата, Мабил кој е поранешен играч на Митјиланд, почна да вика: „Исусе од Назарет! Се враќам во Данска. Не, не не, ова е лудо“.

