Манчестер сити и Интер одиграа 0-0 на „Етихад“, но интересна конверзација по натпреварот имаа напаѓачот на домашните, Ерлинг Халанд, и дефанзивецот на гостите, Франческо Ачерби.
Камерите го уловија моментот кога тие двајца се поздравуваа по натпреварот, а од слободна интерпретација на нивниот разговор може да се заклучи дека Халанд му вели: „Знам дека го сакаш мојот дрес, цело време ме влечеш“, на што Ачерби одговара дека сака два дреса, а не само еден.
Francesco Acerbi wanted not one, but two shirts off Erling Haaland after the game 🤣👕
📺 @tntsports & @discoveryplusUK pic.twitter.com/Y0suFRk8Sb
— Football on TNT Sports (@footballontnt) September 18, 2024
Норвежанецот само се насмевна и си замина, па останува нејасно дали во соблекувалната си ги разменија дресовите и му ја исполни желбата на Ачерби.