Еден навивач на Далас маверикс од трибините го снимаше загревањето на неговиот омилен НБА тим, и фати еден многу интересен момент кој стана хит на социјалните мрежи.
Србинот Бобан Марјановиќ кој е висок 222 сантиметри и има многу долги раце, го зеде баскетот и ја крена раката, а Лука кој нема ниту два метри висина, скокаше по топлата и се обидуваше да ја дофати, но не успеваше. Ова делуваше како игра на возрасен и дете. Немаше лутење, двајцата се добри пријатели и потекнуваат од иста земја, па само најдоа начин да се забавуваат.
Погледнете како изгледа кога феноменот Дончиќ нема да успее да направи нешто:
https://twitter.com/i/status/1210685594763956225