Адама Траоре е трагичарот на Фулам во поразот од Манчестер сити со 3-2. Фудбалерот имаше неколку одлични шанси за гол и да го фрли на колена шампионот на Англија, па на крајот од натпреварот на сцена стапи Пеп Гвардиола.
Тој наместо како што е вообичаено само да се ракува со фудбалерот, му даде неколку совети, а од гестикулациите можеше да се разбере дека му дава совети како подобро да реализира на следните натпревари. Сцената стана вистински хит во Англија, а коментарите се движат во насока дека Гвардиола толку го сака фудбалот, што им дава совети дури и на противничките фудбалери.
Pep Guardiola loves football so much that
after Traoré kept missing chances
he went over at full time to
coach the opponent player #pep #pepguardiola #football #futbol #soccer #coach #mancity #genius pic.twitter.com/lKcY6zKyW0— Robert Earnshaw (@RobertEarnshaw) October 5, 2024