Хит видео: Селекторот на Црна Гора пцуеше за време на тајм-аут, не сака опуштање против аутсајдерите

Селекторот на кошаркарската репрезентација на Црна Гора, Бошко Радовиќ, беше лут на неговите избраници за време на дуелот против Египет во рамки на второто коло од групната фаза на Светското првенство и на тајм-аутот паднаа пцовки.

Иако Црна Гора славеше со 89:74 против Египет, Радовиќ бараше од неговите кошаркари да играат максимално во финишот и да не дозволат противникот да се врати во игра. Поради тоа побара тајм-аут на кој мораше да го зборува на повисок тон и притоа упати пцовка која ги насмеа фановите на кошарката.

„Ќе зборуваме подоцна, да го приведеме мечот до крај. Да ми е**ш мајката, кога ќе видиме дека имаме предност од 15 поени, почнуваме со егзибициите, со шутеви и со нови идеи“, им рече Радовиќ на неговите кошаркари на тајм-аутот.

Црна Гора која има две победи во првите две кола, во третото коло на СП ќе игра против Литванија.

- Оглас -

Најнови вести