„Да бев Марадона, ќе живеев исто како него“, пее легендарниот Ману Чао во својот хит „Животот е томбола“ посветен токму на аргентинскиот виртуоз, Диего Марадона, кој денес почина на 60 години.
Шпанскиот пејач првпат во 2007 година ја изведе песната посветена на „Божјата рака“, која многу добро го опишува неговиот турбулентен живот. „Животот е лотарија“, токму така живееше популарниот Диего, кој покрај тоа што умееше да маѓепсува со фудбалската топка, беше познат по бурниот ноќен живот, често опколен со убавици, алкохол и наркотици.
Живееше како вистинска рок-ѕвезда, додека Ману Чао имаше прилика во живо пред Марадона да го изведе хитот.