Хитовите на ДНК ечат на стадион, гледачите со аплауз за групата која ја сакаа и млади и стари (Видео)

Уште малку останува до почеток на мечот меѓу Македонија и Велс на Арената „Тодор Проески“, а гледачите полека ги исполнуваат трибините.

Мечот освен натпреварувачки, има и хуманитарен карактер затоа што сите собрани средства од билетите ќе бидат наменети за настрадните во трагедијата во Кочани.

Додека фудбалерите на двете репрезентации се загреваа, од звучните на стадионот одекна еден од хитовите на популарното дуо ДНК. Гледачите со аплауз ја поздравија песната на групата која настапуваше во дискотеката во Кочани кога се случи трагедијата. Неколку члена од групата на ДНК настрадаа во трагедијата.

- Оглас -

Најнови вести