2702 Хака – ХЈК Хелсинки (17.00 часот)
ХЈК Хелсинки со 32 титули е убедливо најдобриот тим во финскиот шампионат и иако сезонава не тргна според очекувања на своите фанови, е главен фаворит за освојување на нова титула. ХЈК моментно е третопласиран на табелата само со два бода помалку од лидерот, додека Хака е десетта со 16 бода помалку од денешниот противник. Традицијата убедливо е на страната на ХЈК Хелсинки, кој славеше на последните 13 меѓусебни натпревари. Последен пак ХЈК загубил од Хака пред 17 години.
Предлог тип: Т2 1-3I & 1-3II (3.20)
2704 СЈК – Оулу (17.00 часот)
СЈК се очекува да му биде најголем ривал на ХЈК Хелсинки за титулата во финскиот шампионат, но денеска го очекува тежок натпревар против Оулу. СЈК е второпласиран со 27 освоени бода, има само еден бод помалку од лидерот на табелата, но има и два меча помалку. Оулу е четврти на табелата со десет бода зад лидерот КуПС. СЈК ја има најдобрата одбрана досега, на 11 натпревари прими само три гола и е единствен тим без пораз. Дополнителен мотив за СЈК е тоа што загуби на последните два меча против Оули на домашен терен и тоа минатата сезона.
Предлог тип: 1Х & 1-3 (1.84)
6716 Шпанија У21 – Украина У21 (20.45 часот)
Ова е натпревар за првото место во групата Б на Европското првенство до 21 година и Шпанија и Украина славеа во претходните два меча. Шпанија со 3:0 ја совлада Романија, а со 1:0 беше совладана Хрватска, додека Украинците имаа минимален триумф над Романија, а со 2:0 ја победија Хрватска. Шпанците се фаворити не само на овој натпревар, туку и за освојување на титулата, додека незгодните Украинци предводени од напаѓачот на Челзи, Михајло Мудрик, веќе обезбедија пласман во четвртфиналето и ќе се обидат да приредат изненадување.
Предлог тип: 1Х & 0-2 (2.40)
6001 Атлетик Дескалдес – Будуќност (15.00 часот)
Со натпреварот меѓу шампионите на Андора и Црна Гора, Атлетик Дескалдес и Будуќност стартуваат квалификациите за пласман во групната фаза во Лигата на шампионите. Шампионот на Андора по вторпат ќе игра во квалификации за европските купови, минатата година беше елиминиран од тимот од Малта, Гзира. Шампионот на Црна Гора ја има фаворитската улога во двомечот во прелиминарната рунда во квалификациите за ЛШ и ќе претставува вистинско изненадување доколку не оствари триумф и се пласира во првото квалификациско коло за пласман во ЛШ.
Предлог тип: 2 1+ I & 1+ II (2.30)
5100 Атлетико ПР – Алијанца Лима (24.00 часот)
Бразилскиот тим е голем фаворит против тимот Алијанца Лима од Перу во рамките на последното коло од групната фаза во Копа Либертадорес. Атлетико ПР по пет кола е лидер на табелата со десет бода и со победа над Алијанца, која е последна, ќе го завери првото место на табелата, кое му носи пласман во осминафиналето.
Предлог тип: Т1 1-3I & 1-3II (2.30)