17.8 C
Skopje
петок, 18 јули 2025

ХЈК Хелсинки направи чудо во Конференциската лига, надомести 0-4 и отиде во следното коло!

Фудбалерите на ХЈК Хелсинки со победа од 5-0 направија спектакуларен пресврт во двобјот со Рунавик од Фарски острови во првото квалификациско коло на Конференциската лига.

Првиот натпревар пред една недела го доби Рунавик со шокантни 4-0, многумина го отпишаа ХЈК, но вечерва Финците направија еден од најголемите пресврти во европските квалификации во последните години.

ХЈК доминираше, упати неверојатни 60 удари кон противничкиот гол.

Во регуларните 90 минути ХЈК победи со 4-0 (четвртиот гол падна во 94-та минута), а во продолженијата даде гол од слободен удар за 5-0 и пласман во следната рунда.

Меѓу мечевите кои се играа вечерва, внимание предизвика и огромната победа на исландски Викингур од дури 8-0 против Малишева од Косово. Првиот меч го добија Викинзите со 1-0.

 

- Оглас -

Најнови вести