Хјулманд: Ова е дуел на сѐ или ништо, Данска размислува само за победа!

Данскиот репрезентативец Мортен Хјулманд на денешната прес-конференција нагласи дека настапите на големите турнири имаат посебна тежина за секој фудбалер, особено кога станува збор за националниот тим.

„За еден играч пласманот на големите натпреварувања значи многу. Уште едно учество на ваков турнир со данската репрезентација е нешто на што ќе се навраќам кога еден ден ќе ја завршам кариерата“, изјави Хјулманд, додавајќи: „За мене ова ситуација е ‘сè или ништо’.“

Тој порача дека Данците размислуваат единствено за победа.

„Во мислите ни е победа, и само победа. Ќе треба да ни помогнат и навивачите. Знаеме дека нема да биде лесно. Ова е дуел на кој смее да се направи грешка и секако дека не е лесен за играње. Но, верувам дека сме подобри. Секако дека им верувам на сите мои соиграчи, без разлика што некои од нив утре ќе бидат и дебитанти, особено оние во одбраната“, истакна Мортен Хјулман, играчот за врска на Спортинг Лисабон и еден од адутите на данскиот селектор Брајан Ример.

- Оглас -

Најнови вести