Хјустон и Сакраменто одат кон десетти порази по ред

8434 Торонто репторс – Хјустон рокетс (01.30 часот)

Торонто има два порази по ред, и дуелот со Хјустон му е шанса да ја прекина таа црна мини-серија. Рокетс имаат огромна губитничка серија, девет порази едноподруго, и ќе се обидат да спречат двоцифрена низа порази. Репторс не е нешто особено опасен домаќин, а и во меѓусебните дуели со Ракетите имаат шарени резултати и двата тима победуваат наизменично. Ова е нивен прв меѓусебен дуел од јули наваму. Канадскиот тим е фаворит на хартија, но можеби гостите ќе успеат да си заминат со едноцифрен пораз.

Предлог тип: Х 2 -9.50 (1.70)

 

8435 Чикаго булс – Феникс санс (02.00 часот)

Чикаго е во налет, има три победи по ред, но Феникс сезонава е многу опасен, и засега има пет победи повеќе од Биковите. Сонцата победија на последното гостување во ветровитиот Чикаго пред една година. Иако Феникс во Чикаго доаѓа после неочекуван домашен пораз од Шарлот, може да одигра доволно ефикасно за да извојува победа. Ако сте за играње на поени на поединци, Девин Букер од Феникс е способен да даде барем 27 поени.

Предлог тип: >227.5 (1.97)

 

8436 Детроит пистонс – Сакраменто кингс (02.00 часот)

Ова е интересен меч во кој нема изразит фаворит. Детроит е најслаб тим на Истокот, има само девет победи сезонава, на листата на повредени им е првиот стрелец Блејк Грифин, но чат-пат знае да изненади. Можеби дуелот со Сакраменто е прилика за Пистонс да дојдат до десеттата победа сезонава. Кингс е на 12 победи и 20 порази, а Кралевите како да заборавија да победуваат, имаат дури девет порази по ред.

Предлог тип: 1 (2.12)

 

8437 Мајами хит – Јута џез (02.00 часот)

Мајами во моментов е на десетто место на Истокот, но Жешките се во добар ритам, имаат четири победи по ред, и сигурно ќе имаат што да покажат во дуелот со феноменалната Јута. Џез има само шест порази сезонава, а другите други екипи имаат барем по 11 порази. Мајами има добра одбрана, а има и позитивен биланс во домашните пресметки со Јута. Џезерите не победиле во Мајами од ноември 2016 година. Сепак, сезонава е нешто друго, тимот од Солт Лејк сити многу ретко губи и тоа најчесто од тимови од Западот.

Предлог тип: 2 (1.46)

 

8440 ЛА Лејкерс – Портланд трејлблејзерс (04.00 часот)

Лејкерс и Портланд се во криза, Езерџиите имаат четири, а Пионерите три порази по ред, па ова е меч за излез од лошата серија. Повредите на Дејвис кај Лејкерс, и на Мекколум, Колинс и Нуркиќ се причина за слабите резултати во последно време. Лејкерс две недели нема победено на свој терен, а на 29 декември, загуби во „Стејплс центарот“ од Портланд со 107-115. Првакот се трка со Феникс и Клиперс за второто место на Западот, не би било добро ако загубат од лошиот Портланд.

Предлог тип: 1 (1.57)

- Оглас -

Најнови вести