Кевин Дурант (Голден стејт вориорс – Хјустон рокитс – 04:30 часот – Втор натпревар, полуфинале Запад, 1-0 за Вориорс)
Дурант беше клучниот играч за шампионот во првиот дуел против Ракетите. Со неговите 35 поени придонесе за Вориорс да поведе во серијата, а она што се бара од Дурант е повторно да одигра на високо ниво. Ѕвездата на Голден стејт моментално е меѓу најефикасните играчи во плејофот, така што и ноќеска треба да биде најголемата закана за Хјустон.
Како што ја надмина границата во вкупниот збир на три статистики (поени, асистенции и скокови), се очекува повторно да го стори тоа и во вториот дуел.
Предлог тип: К. Дурант >43.5 тотал поени+асистенции+скокови (1.87)
Милвоки бакс – Бостон селтикс (02 часот – Втор натпревар, полуфинале Исток, 1-0 за Селтикс)
Бостон најде решение за разиграниот Адетокумбо во првиот меч и го задржа на само 22 поени, а со добра одбрана и тимска игра ги изненади Елените и го доби првиот меч од серијата. Милвоки со овој пораз треба да разбере дека ќе треба да го подигне нивото на игра доколку сака да се најде во следната фаза, па затоа ноќеска целат на израмнување во серијата и поправање на впечатокот.
Во регуларниот дел од сезоната, Милвоки победи на два од вкупно трите средби против Бостон, така што знаат како треба да се игра против опасните Селтикс.
Предлог тип: 1 хен. -7.5 (1.90)
Колумбус блу џекетс – Бостон бруинс (01 часот – Трет натпревар, полуфинале Исток, серијата е 1-1)
Колумбус дојде до „брејк“ во Масачусетс и сега со предноста на домашен терен целат на втора победа во низа против Бостон. Бруинси се разочараа со примениот гол во дополнителното време, со кој го загубија вториот меч, но тие се мотивирани да го вратат „брејкот“ и да ја направат оваа серија уште понеизвесна.
Двата претходни меча завршија со резултати од 3-2, што значи дека расположението е на високо ниво и кај двете екипи. Исто така треба да се земе во предвид дека Бостон постигна шест гола кога последен пат гостуваше во Колумбус, и го доби тој меч со 6-2 кој се одигра во регуларниот дел од сезоната.
Предлог тип: 1 (2.40)
Колорадо аваланш – Сан Хозе шаркс (04 часот – Трет натпревар, полуфинале Запад, серијата е 1-1)
Како што му успеа на Колумбус, така и Колорадо дојде до „брејк“ кај Сан Хозе и израмни во серијата на 1-1, па сега имаат две шанси на домашен терен да дојдат до водство. Воедно, тоа беше првиот триумф за Аваланш против Ајкулите по точно една година, откако претходно ги загубија сите пет средби.
Сепак, Сан Хозе доста се мачи кога гостува во Денвер и во изминативе неколку сезони во просек примаат по четири гола на секој меч против Колорадо. Вкупно 14 гола се постигнаа на двата меча во плејофот, така што ефикасноста треба и ноќеска да проработи.
Предлог тип: >6.5 (2.30)