Пол Џорџ ја уништи одбраната на Хјустон со 45 поени (четири помалку од неговиот личен рекорд), а Расел Вестбрук го изедначи историскиот НБА рекорд на Вилт Чемберлен од девет трипл-дабли по ред.
Но, клучниот момент на средбата се случи на 1,38 минути до крајот на првото полувреме кога на Џорџ му беше досудена лична грешка над Џејмс Харден, при водство на Рокетс од 22 разлика. Крилото на Оклахома сити се налути, набрзо дојде паузата за полуреме, а потоа во второто полувреме, гостите доминираа на терен, благодарение на Џорџ и Вестбрук.
Во еден момент Хјустон водеше и со 26 поени разлика, па Тандер кој на крајот славеше со 117:112, го направи најголемиот пресврт во својата клупска историја.
Вестбрук средбата ја заврши со 21 поени, 11 асистенции и 12 скока, со што го стигна Чемберлен, кој во 1968 година истотака имаше девет трипл-дабли едноподруго. Вестбрук сезонава има 22 трипл-дабли, а во кариерата има 126.
За првата ѕвезда на „ракетите“, Харден, ќе остане утехата дека на 29 меча по ред дава над 30 поени, синоќа уфрли 42. И тој брка рекорд на славниот Чемберлен, но засега е далеку, бидејќи Вилт на дури 65 средби во низа даваше барем 30 поени и тоа во врмее кога не постоеше шут за три поени.