Њујорк никс – Милвоки бакс (Кошарка, НБА, 01.30 часот)
Милвоки е најуспешен тим во лигата во досегашниот дел од сезоната, а Никс е претпоследен на Истокот со само седум победи, па тука победата на гостите не смее да биде загрозена. Бакс на гостински терен нема загубено од 9 ноември наваму. Елените загубија на гостувањето кај Далас и за нив заврши низата од 18 триумфи, но тоа ги налути Адетокумбо и другарите, па во следниот меч го надиграа силниот ЛА Лејкерс. Лани во декември, Милвоки во „Медисон сквер гарден“ победи со 14 поени разлика.
Предлог тип: 2 & >55.50 Q1 (2.60)
Сан Антонио спарс – Лос Анџелес клиперс (Кошарка, НБА, 02.30 часот)
Ова е тест за Спарс, дали тимот може да дојде до плејофот. Сан Антонио пред неполн месец го доби Клиперс, и со тоа почна еден попозитивен период, откако претходно имаа 10 порази на 11 меча. Историски, традицијата покажува дека домашниот терен е голема предност во меѓусебните дуели на овие два тима. Во Сан Антонио, Спарс има 73 победи и само 14 порази од Клиперс, а на последните четири нивни средби во Тексас, едниот тим не давал повече од 100 поени.
Предлог тип:Т1/Т2 <107.50 (1.77)
Феникс санс – Хјустон рокетс (Кошарка, НБА, 03.00 часот)
Домашните ќе имаат проблем да ги запрат Харден и разиграниот Вестбрук. Санс има пет порази по ред, и на хартија, нема што да бараат во дуелот со Ракетите. На овие пет меча кои ги загуби, Феникс примаше во просек по 118,6 поени. Хјустон убаво се чувствува на гостувањата во Феникс, има низа од 11 победи по ред. Феникс на свој терен не ги победил Рокетс уште од 2013 година.
Предлог тип: 2-2 (1.88)
Ванкувер канакс – Питсбург пингвинс (Хокеј, НХЛ, 04.00 часот)
Дури и без ѕвездата Крозби, Пингвините имаат серија од четири победи по ред. Синоќа го победија Едмонтон, а сега повторно гостуваат во Канада кај тим кој на претходниот меч победи по продолжение и го разби малерот од три порази по ред. Сега веќе врз Ванкувер нема толку голем притисок, но сигурно не се задоволни со 11-тото место на Западот. Питсбург е петти на Истокот и на последните три гостувања победи и даваше 4-5 гола.
Предлог тип: 2 (2.55)
Вашингтон капиталс – Тампа Беј лајтнинг (Хокеј, НХЛ, 01.00 часот)
Ова е последен меѓусебен дуел на Капиталс и Лајтнинг во регуларната сезона, а тимот од главниот град на САД има шанса со победа да направи „метла“ и да ги добие сите три пресметки против ривалот. На првите два меча, паѓаа по седум голови, но на последните две гостувања на Тампа во Вашингтон, победникот се одлучуваше по продолжение. Вашингтон е во налет, а Тампа беј не е толку силна како во минатата сезона. Квотата за единица е повеќе од привлечна.
Предлог тип: 1 (2.45)