Хофенхајм е кошмар за Келн, Бебу со атрактивна петица ја зачини петардата што пукна во Синсхајм (Видео)

Хофанхајм повторно го декласираше Келн, вечерва со 5:0 во премиерниот меч од осмото коло во Бундеслигата, а уверливиот триумф го зачини репрезентативецот на Того, Бебу со два гола, од кои едниот беше супер атрактивен со петица.

Вториот погодок на Бебу со петица можете да го погледнете ОВДЕ.

Тој ги даде првите два гола на мечот, а потоа Баумгартнер, Гајгер и Пош само ги докусурија популарните Јарци од Келн.

Хофенхајм ужива кога игра против Келн и во бундслигашки меч нема пораз на 11 натпревари по ред, а вечерва победија седми пат по ред со овој ривал.

И покрај убедливата победа Хофенхајм е за една позиција зад Келн, со 11 бода, еден помалку од Јарците кои се седми на табелата.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести