15.8 C
Skopje
недела, 13 јули 2025

Хофенхајм го отпушти тренерот

Хофенхајм го отпушти тренерот Пелегрино Матарацо по речиси две години во клубот. Американецот го презеде тимот во февруари 2023 година и го доведе до седмото место во својата прва целосна сезона.

Сепак, во тековното првенство, Хофенхајм освои само девет бода по првите 10 кола во Бундеслигата, што доведе до негово отпуштање.

„Оваа одлука не беше лесна, но неколку фактори придонесоа да ја прекинеме соработката со Рино како главен тренер“, изјави извршниот директор на клубот, Андреас Шекер. „Имаме премалку бодови, а недостигот на конзистентност во игрите оваа сезона беше клучен за нашата одлука.“

Разделбата ја потврди и досегашниот тренер на Хофенхајм.

„За жал, дојде време да се разделиме. Ќе се сеќавам на овој период како период полн со лекции. Горд сум на мојата работа со тимот и тренерскиот стручен штаб“, изјави Матарацо.

- Оглас -

Најнови вести