Хофенхајм конечно стави крај на лошата серија од четири последовни порази. Тимот на Пелегрино Матарацо беше пред триумф на гости против Штутгарт, но прими гол од пенал во 99-тата минута и ремизира (1-1).
Хофенхајм дојде во водство кон крајот на првиот дел. Валентин Гендри во 45-тата минута донесе предност за гостите.
Штутгарт долго време се обидуваше да израмни, а тоа им успеа дури во судиското продолжение. Беше досуден пенал за домаќинот, Ермедин Демировиќ во првиот обид не реализира, но одбиената топка сепак ја смести во мрежата и донесе еден бод за Штутгарт.