Остануваат уште само неколку часа до почетокот на новото коло од бесплатната игра на Sport Life, Спортската прогноза, а тоа значи уште малку време да ги пополните вашите типови, секако доколку веќе не сте го сториле тоа.
Првите натпревари од Спортската прогноза започнуваат во 15:30 часот, а токму тие два натпревари имаат голем процент за победа на домашните екипи. 65.10% од играчите на Спортската прогноза предност му даваат на Хофенхајм во дуелот со Унион Берлин, додека дури 73.51% предвидуваат победа на Мајнц над Аугзбург.
Победи се очекуваат и на Лацио и Удинезе во италијанската Серија А, во домашните дуели против Болоња, односно Каљари.
За погодена 13-ка, подарокот можете сами да си го одберете.
Изборот е меѓу трите понудени варијанти:
Смарт ТВ самсунг 55” 4K,
Xiaomi електричен тротинет и
Сони плејстејшн 5.
Стандардно, подароци има и за прогнозерите што ќе утнат еден пар, ним им следува ваучер од 1.000 денари во Sport Life, а тие со две утки добиваат ваучер од 500 денари.
Прогнозирајте и бидете во трка за освојување примамливи подароци!