Хофенхајм смени тренер без пораз, Олмо за две минути им покажа дека грешат (Видео)

Чудниот потег на раководството на Хофенхајм да го сменат тренерот Шрудер и покрај тоа што немаше пораз во рестартот на Бундеслигата се покажа како погрешен, а со два гола за 180 секунди јасно тоа им го презентираше Дани Олмо.

Шпанецот набрзина двапати ја затресе мрежата на домаќините, со прецизни удари во 9. и во 11. минута што беше доволно за рутинска победа на Лајпциг.

https://twitter.com/CroatianSoccer/status/1271521215274823680?s=20

Биковите ја забележаа третата победа во петте кола од 16. мај кога продолжи Бундеслигата и се уште немаат пораз. Со трите бода вечерва се зацврстија на третото место со 62 бода и се многу блиску до нов настап во Лигата на шампионите, натпреварување во кое сезонава се веќе во четвртфиналето и продолжуваат да атакуваат и на европската круна.

Хофенхајм го претрпе првиот пораз по продолжението на германското првенство, а сменетиот тренер Шрудер имаше биланс од две победи и две нерешени, откако на 16. мај продолжија возбудувањата во Бундеслигата.

Раководството на седмопласираниот тим сепак беше незадоволно од работата на Холанѓанецот и му врачи отказ, но неговата замена Марсел Рап имаше неуспешен старт на клупата на Хофенхајм.

 

- Оглас -

Најнови вести