7.8 C
Skopje
понеделник, 8 декември 2025

Хојлунд повеќе од два месеци немаше дадено гол за Наполи, но простено му е вечерва

Наполи го победи Јувентус со 2-1 и изби на првото место на табелата во Серија А со еден бод повеќе од Интер.

Јунак на наполитанците е Данецот Расмус Хојлунд кој од 5-ти октомври немаше дадено гол во Серија А, а вечерва двапати ја тресеше мрежата во дербито. Елиф Елмас ги одигра сите 90 минути.

Ова беше прво гостување на Лучано Спалети на стадионот во Неапол, и тренерот кој на Наполи му донесе титула во 2023 година, беше пречекан со свирежи.

- Оглас -

Најнови вести