17.8 C
Skopje
понеделник, 11 август 2025

Хојлунд се двоуми околу преселба во Милан

Расмус Хојлунд сè уште не одлучил дали ќе замине на позајмица во Милан. Можноста се појави откако Манчестер јунајтед го обезбеди потписот на словенечкиот напаѓач Бењамин Шешко. Со тоа, данскиот репрезентативец би имал помала минутажа доколку остане на „Олд Трафорд“.

Милан веќе постигнал договор со Манчестер јунајтед за едногодишна позајмица вредна 6 милиони евра, а условот на англискиот клуб е Росонерите целосно да ја покриваат годишната плата на Хојлунд од 4 милиони евра. Се разгледува и можност во договорот да се вклучи откупна клаузула на крајот од сезоната во износ од 40 милиони евра.

Сепак, конечната одлука зависи од самиот играч. Хојлунд има желба да остане во Англија, дури и ако мора да го напушти Манчестер јунајтед, а досега не остварил директен контакт со Милан.

Дополнителна пречка за трансферот е фактот што Милан оваа сезона нема да игра во европските натпреварувања.

- Оглас -

Најнови вести