Необичен инцидент се случи на меч од втората швајцарска хокеј лига. Дуелот меѓу Сиер и Лангентал мораше кратко време да биде прекинат поради тоа што двајца хокеари завршија во ледена вода.
Во 14 минута, двајца хокеари се судрија, удрија во заштитната ограда. На тоа место стоеше врата која се отвори, а водеше директно во водите на ледената вода од блискиот поток, покрај лизгалиштето.
Двајцата хокеари за среќа не беа повредени, но мокри од глава до пети излегоа од ледената вода.